Македонска общественичка пише до премиера Груевски

 (1 коментар)


Македонска общественичка пише до премиера Груевски

Писмото на проф. д-р Дореана Христова до Никола Груевски, в което се засяга и решението за общи посолства на Сърбия и Македония, е препратено специално и до сайта "Българи". Превод не е нужен...

Денес на Фејсбук му упатив отворено писмо на Премиерот на Република Македонија, со следнава содржина :
 

Скопје, 16 септември 2014

Господине Груевски, АМАНЕТОТ НЕ СЕ ЗАБОРАВА

Никогаш не помислував дека толку далеку можете да отидете, па како славниот француски крал Луј 14 (крал-градител на велелепни дворци, мостови, статуи во време кога неговата земја била најмоќна во Европа и во светот) и кoj во своја одбрана од кардиналската превласт во Франција, ја изустил претенциозната реченица : l’État c’est moi, односно “јас ја претставувам државата“. 

Најпогубното за вашиот и мојот народ е што ги помешавте времињата. Ако Луј 14 ја внел големата новина уште пред повеќе векови, со тоа што се осмелил да и’ се спротивстави на моќната католичка црква, која именувала и разрешувала кралеви по свое наоѓање, вашите диктаторски гестови во 21 век се’ повеќе наликуваат на веќе видено и несакано. 

Врв на вашето владение е најавениот, (но одамна планираниот од вас) македонски СПОЈ со српски амбасади низ светот, иако за тоа ниту се оправдавте пред народот со референдум, ниту се помачивте да “чепнете“ во Меѓународното европско право каде убаво ви пишува дека секоја амбасада е “држава во странство“.

Место тоа со ниски удари, перфидно заедно со своите пулени (кои саркастично ветуваат зголемени  пензии за 5%, но од септември идната година), како и со неизделканите дипломати, му сервирате на народот дека одите по примерот на побогатите земји во Европа, но пропуштивте да објасните дека тие одамна се европски членки, без никакви претензии една кон друга според европските правила затоа што нивната определба е заедничка.

Заборавивте ли дека ниту Македонија ниту Србија не се европски членки и дека додека тоа не станат може помалата земја како во стогодишното најцрно македонско минато да претрпи нова штета (со асимилирање, однародување)?? 

 

Заборавивте ли дека само пред две децении токму со Србија  имавме најголем спор? Заборавивте ли колку жртви од Македонија паднаа во таа бесмислена нарцисоистичка фашизоидна војна на Милошевиќ????????? 

Зошто не побаравте да споделиме амбасада со Словенија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Босна кои понеутрално гледаат на македонското прашање? 

 

Заклучокот е едноставен: Или некаде на врвот од вашата влада настапила амнезија, или можеби поради потеклото на некои ваши “совладетели“ со нивните сопруги си допуштивте да им ја наметнете вашата диктатура како судбина на граѓаните од Македонија, кои имаат многу подобро помнење од вас и не дозволуваат една шепа малцинска група да си поигрува со вековните идеали, кои како аманет им се пренесуваа : да имаат своја држава, своја војска, своја полиција, своја култура а не како онаа по теркот на Канческа-Милевска, своја телевизија, свои, а не посрбени амбасади...

Барем со политологот да ги простудиравте политичките и дипломатските прашања, поврзани со горливото македонско прашање. 

Дали на тој начин не’ лажевте дека името и идентитетот ни се поважни од се’, а всушност не’ продавате за без пари.......................  

Каде ви е доблеста Груевски, или веќе треба да ве ословувам со Грујовиќ??

 

проф.д-р Дореана Христова 

Коментари
2014-09-26 07:40:12 От: E сърбомани при сърби

Просто и ясно като македонист!

Добави коментар
Вашето име
Вашия e-mail
С попълването на имейлът се съгласявате да получавате уведомления за нови коментари по темата!
Коментар
Аз не съм бот